3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо понеделникот се издадени потврди за влез во земјата на 543 мигранти

Во понеделникот се издадени потврди за влез во земјата на 543 мигранти

begalci 330

Во понеделникот од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 543 странски државјани, од кои 221 од машки и 118 од женски пол, како и на 197 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и седум деца кои патувале без родител.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 198 државјани на Сирија, потоа на 137 државјани на Авганистан и на 208 државјани на Ирак.

Од почетокот на годината па до 15-ти февруари, издадени се потврди на вкупно 81.170 странски државјани, од кои 32.402 се од машки пол, 17.580 се од женски и 31.011 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 177 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-39.190, Авганистан-25.531 и Ирак-16.446.

Годинава до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 15-ти февруари евидентирани се вкупно 11 баратели на азил од кои осум мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП