6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи дополнително растат, доларот зајакна

Азиските берзи дополнително растат, доларот зајакна

berzi azija 2994

На азиските берзи цените на акциите пораснаа втор ден по ред, бидејќи вложувачите ги охрабри растот на цените на нафтата и стабилизацијата на кинеските пазари.

На токиската берза индексот Nikkei во утринското тргување во вторникот беше во плус 0,2 отсто, додека цените на акциите во Сингапур, Австралија, Јужна Кореја, Хонгконг и Шангај пораснаа меѓу 0,7 и 2,9 отсто. Така, благодарејќи на тоа индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во вторникот утрото беше во плус за 0,6 отсто, откако во понеделникот скокна за повеќе од 1 процент.

Најмногу утрово, за речиси 3 отсто, скокнаа цените на акциите на берзата во Шангај, по податокот за неочекуваниот раст на кредитирањето на банките, што ги ублажи стравувањата од острото забавување на расот на кинеската економија.

Позитивно на азиските пазари влијаеше и понеделничкиот скок на цените на акциите на европските берзи за речиси 3 отсто. Во САД, пак, во понеделникот финансиските пазари беа затворени поради празникот, но терминските индекси во вторникот утрото се во плус од 1,4 отсто, па се очекува денеска на Волстрит подем на цените на акциите, по минатонеделниот остар пад.

Податоците за растот на прометот во трговијата на мало во САД, објавени минатиот петок, ги ублажија стравувањата дека американската економија би можела да потоне во рецесија, имајќи ги предвид слабостите во многу делови од светот.

Позитивно на пазарите влијае и растот на цените на нафтата, поттикнати од надежите на вложувачите дека најголемите светски производители наскоро може да постигнат договор за намалувањето на производството, што би ја намалило нерамнотежата меѓу понудата и побарувачката, и така ќе ги стабилизира цените.

Во вторникот утрото на лондонската берза цената на барелот порасна за повеќе од 3 отсто, на 34,45 долари, додека на американскиот пазар се врати над нивото од 30 долари.

На токиската берза индексот Nikkei во вторникот утрото дополнително порасна откако во понеделникот скокна за 7,2 отсто, со што надомести голем дел од минатонеделните загуби од 11 отсто, најголемата од глобалната финансиска криза во 2008 година.

Позитивно на берзата во Токио влијае и растот на курсот на доларот во однос на јенот, бидејќи тоа ги поддржува акциите на јапонските извозници, имајќи предвид дека поради слабеењето на јенот расте конкурентноста на нивните производи на странските пазари.

На валутните пазари, имено, курсот на доларот во вторникот утрото достигна 114,60 јени, додека во понеделникот во истиот период од денот изнесуваше 113,95 јени. Така дополнително се оддалечи од 110,98 јени, најниското ниво во последните 15 месеци, на коешто се лизна кон средината од минатата седмица.

Доларот зајакна и кон европската валута, па цената на еврото се лизна од понеделничките 1.1215 на 1,1155 долари. Еврото значително падна во понеделникот вечерта, откако претседателот на Европската централна банка (ECB), Марио Драги, порача дека банката е подготвена во март дополнителни да ја олабави монетарната политика за да го поттикне растот на економијата и инфлацијата во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП