4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Британија постојат седум класи на луѓе

Во Британија постојат седум класи на луѓе

London_cabs_and_buses

Граѓаните на Велика Британија денеска припаѓаат на една од седумте друштвени класи, затоа што традиционалната поделба на работници, средна и висока класа е веќе застарена и се однесува само на 39 проценти од населението.

Класата традиционално се дефинира според работата, богатството и образованието, но истражувањето покажа дека класата има три димензии, економска, социјална и културна.

Новодефинираните класи се следниве, елита, цврста средна класа, техничка средна класа, ново богатите работници, традиционалната работничка класа, услужната класа и пролетеријат.

Елитата е најпривилегирана група во Велика Британија и со богатството е јасно одделена од другите шест класи. Оваа група има највисоко ниво на сите три капитали.

Цврстата средна класа е втора по богатство. Тоа е најголемата и најдруштвена класа, а нејзиниот културен капитал е втор по ред.

Техничката средна класа е мала и карактеристична нова класа. Богата е, но нема високо ниво на социјален и културен капитал. Се карактеризира со друштвена изолација и културна апатија.

Ново богатите работници е млада класа на луѓе, социјално и културно активна, а економскиот капитал се приближува кон средината.

Традиционалната работничка класа има ниско ниво со три облици на капитал, но се и е скратено. Припадниците на оваа класа имаат соодветно вредни куќи, а тоа го објаснува фактот дека тоа е и најстарата група на луѓе со просечна вредност од 66 години.

Услужната класа е нова, млада и урбана група, соодветно сиромашна, но со висок друштвен и културен капитал.

Пролетеријатот е загрозен од неизвесноста, па така тие се најсиромашната група на луѓе со ниски резултати во социјалниот и културниот капитал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП