20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАDB: Само ФЕД може да ги спаси пазарите

DB: Само ФЕД може да ги спаси пазарите

fed 3359993

Инвеститорските ставови кон исклучување на ризикот ќе продолжат и во иднина, ако ФЕД не го промени патот на затегнување на монетарната политика, сметаат стратези од најголемата европска банка „Deutsche Bank“, пренесува „CNBC“.

Загриженоста за раст на кинеската економија, стресот во американскиот енергетски сектор и лошиот баланс на европските финансиски институции покажаа, како инвеститорите можат да се впуштат во панични распродажби, според банката.

Има само едно „лек“ за смирување на инвеститорски тревоги, според „Deutsche Bank“, и тој се нарекува ФЕД.

„Без интервенција од страна на ФЕД, постојат понатамошни ризици за берзите“, коментира банката во писмо до своите клиенти, насловено „Мирисот на криза“.

Главен фокус на аналитичарите од банката се растечките камати на ризичните американски обврзници. Тоа се зема како знак за слабост во кредитниот циклус кој може да иницира бран од банкроти во земјата. Разликата помеѓу каматата на обврзниците со инвестициониот рејтинг и оние со понизок таков е зголемен до највисокото ниво од 2011-та година, па наваму. Ова сведочи за стравувањата меѓу инвеститорите за повторување на финансиската криза од пред седум години.

„За да се избегне понатамошно зголемување на пропаѓањето на американски компании, ФЕД ќе треба да ја промени својата политика на зголемување на каматите, што може да доведе до намалување во доларот и цената на нафтата, и да го подобри билансот на енергетскиот сектор“, се вели во извештајот на банката.

Проблемот пред инвеститорите е дека во оваа фаза нема знаци за желба на ФЕД да го смени курсот на монетарната политика. Податоците за вработеноста во САД кон крајот на минатата недела посочија рекордно ниска невработеност и понатамошни добри податоци во правец на вработувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП