Сликата на Македонската берза од тргувањето во понеделникот соодветствува на вообичаен трговски ден каде најголем промет беше остварен со најчесто тргуваните акции на Комерцијална Банка АД Скопје и Алкалоид АД Скопје.
Со акцијата на Комерцијална банка беа истргувани 1.124 акции по просечна цена од 2.398,82 денари (+0,17 отсто) и реализиран промет од 2.696.279,00 денари, со што го зазеде првото место по промет.
Акцијата на Алкалоид достигна промет од 1.855.140,00 денари преку 350 истргувани акции и просечна цена по акција од 5.300,40 денари.
Обврзниците беа присутни на пазарот и тоа преку РМДЕН07 и РМДЕН14 преку кои беше реализиран промет од 664.506,33 денари што претставува 11 отсто од вкупно реализираниот промет на пазарот денеска во кој изнесуваше 6.616.752,33 денари и се резлизира преку 59 трансакции.
Индксот МБИ10 доживеа пад од 0.97 посто и изнесува 1.798,28 индексни поени, додека индкесот на обврзниците ОМБ остана непроменет.