4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВиски со вкусот на најголемиот банкрот во историјата на Волстрит

Виски со вкусот на најголемиот банкрот во историјата на Волстрит

lehman-bros-whiskey111

Доколку вложувачите, разочарани од остриот пад на цените на акциите на светските берзи, посакаат да го измијат горкиот вкус, наскоро тоа ќе може да го сторат со вискито „Lehman Brothers“, наречен по инвестициската банка од њујоршки Волстрит, кој колапс во 2008 година ја предизвика светската финансиска криза.

Новиот бренд на виски со името и логото на „Lehman Brothers“ е дело на лондонскиот претприемач Џејмс Грин, кој во соработка со дестиларници во Јужна Каролина и во Шкотска го создал пијалакот со три вкуса, за да можат консументите да го почувствуваат „полниот вкус на приказната за најголемиот банкрот во историјата на Волстрит“.

„Snapfire“ е млад виски со полн вкус, кој треба да евоцира на колапсот на финансискиот систем. „ Ashes of Disaster“ е малку потемен, и според Грин – „покајнички“, додека третиот „Evergreen“ има „нота на оптимизам и претставува повторно раѓање“.

Британската банка „Barclays“, којашто своевремено купи дел од споменатата пропадната американска инвестициска банка, жестоко на суд се бореше за да го спречи Грин во користењето на името и логото на „Lehman Brothers“, но на крајот не успеа.

Новиот бренд виски засега може да се купи само онлајн, а во продавниците и рестораните во Њујорк и во Лондон ќе може да се нарача пролетва. На прашањето колку луѓето воопшто ќе сакаат да бидат потсетувани на болните спомени на пропаста на банката „Lehman Brothers“, Грин вели дека има многу порачки, особено од инвеститори на Волстрит.

„Станува збор за експлозивен бренд и има голема вредност“, вели изјави Џејмс Грин за The Wall Street Journal.

Доколку вискито „Lehman Brothers“ успее да се пробие на пазарот, може да се очекува наскоро во рестораните да може да се порача и пивото „Bear Stearns“, наречено по уште една пропадната банка или, на пример, вотка „Enron“, според енергетскиот гигант кои заврши во стечај пред 15-тина години повлекувајќи со себе кон дното илјадници судбини и животи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП