16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBundesbank очекува раст на германскиот БДП

Bundesbank очекува раст на германскиот БДП

deutsche-bundesbank

Растот на германската економија би можел повторно да зајакне во првите три месеци од годината, со поддршка на силната домашна побарувачка, објави во понеделникот германската централна банка.

„Во првиот квартал од годината, германската економија би можела да зајакне по нешто поголема стапка во однос на крајот на минатата година, придвижувано пред се од јакнењето на замавот во домашната економија“, стои во извештајот на Bundesbank.

Според прелиминарните податоци објавени минатата недела, германскиот БДП во третиот и четвртиот квартал од 2015 порасна по стапка од 0,3 отсто, а во првиот и вториот квартал, растот изнесуваше 0,4 отсто.

Позитивен импулс во последниот квартал од годината даде пред се домашната побарувачка, со тоа што државната потрошувачка имаше силен раст, а на домаќинствата нешто поскромен.

Bundesbank за 2016 година прогнозира раст на германската економија за 1,8 отсто, што е за нијанса повисока стапка во споредба со онаа на германската влада од 1,7 отсто. Во цела 2015 година, германската економија порасна за 1,7 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП