
Овој чудотворен сок направен од зелечнук прави чуда за нашиот организам.


Овој чудотворен сок направен од зелечнук прави чуда за нашиот организам.
Веќе многу пати сме пишувале за тоа дека зелката е преполна со витамини и минерали. Содржи калиум, калциум, магнезиум, витамин Ц, витамин А, растителни влакна во големи количини, па така е совршен сојузник во зајакнувањето на имунитетот, особено во сезоната на вирози и грипови.
Нутриционистите советуваат дека свинското месо треба да го јадете со зелка како прилог, бидејќи овој зеленчук ги апсорбира мастите и подобро ги вари. Таа е одличен диуретик, го подобрува варењето (можат да ја користат лицата кои имаат чир во желудникот или гастрит), го намалува крвниот притисок, делотворна е за чистење на крвните садови, штити од рак на дебелото црево, додека сокот од зелка го намалува шеќерот и лекува гастрит.
Зелката содржи сулфорафан и изоцијанит, супстанци кои спречуваат појава на клетките на ракот. Освен тоа, зелката ја поттикнува меморијата, концентрацијата, ја подобрува работата на срцето и штити од слабокрвност.
Рецепт:
Напитокот од зелка можете да го подготвите така што во блендер ќе изблендирате половина мала главица зелка, ќе и додадете околу 100 мл вода и сок од половина лимон.
Подготвениот напиток се пие свеж, веднаш, а за следното пиење задолжително направете повторно свеж напиток, не користете залихи.