21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗагриженоста околу Кина благо ја притисна цената на нафтата

Загриженоста околу Кина благо ја притисна цената на нафтата

nafta-nafta

Цената на нафтата на светските берзи благо падна во понеделникот, откако показателите за намалената кинеска трговска размена со светот, но ја задржа поголемиот дел од добивката остварена кон крајот на минатата недела, по сигналите дека е можно да се постигне договор за намалување на производството на глобално ниво.

Со барел нафта на лондонската берза изутрината се тргуваше по 33,29 долари, што значи дека се намали само за седум центи во однос на завршувањето на тргувањето во петокот.

На американскиот пазар барелот поевтини за 13 центи, на 29,31 долар, но и натаму е за 11 отсто поскап во однос на најниската цена за последните 12 години, на која се спушти во четвртокот. Денеска тргувањето се очекува да биде со намален обем поради државен празник во САД, напоменуваат аналитичарите.

Во фокусот изутрината се најдоа најновите податоци од Кина за падот на извозот во јануари за 11,2 отсто, во однос на истиот период лани, додека увозот истовремено се намали за дури 18,8 отсто. Кинескиот увоз на сирова нафта падна за 20 отсто во споредба со рекордното ниво забележано во претходниот месец. Далеку послабите податоци од очекуваните ја зајакнаа загриженоста во врска со побарувачката од најголемиот светски потрошувач на енергија, поради што цената на нафтата ви понеделникот благо се намали.

И покрај падот, цената на нафтата е во плус 10 отсто, ко беше поттикнат во петокот по гласините дека членките на OPEC конечно би можеле да се согласат на намалување на производството за да се намалат пазарните вишоци. На лондонската и американската берза во петокот барелот поскапе за над три долари, откако министерот за енергетика на Обединетите Арапски Емирати порача дека членките на OPEC се подготвени да соработуваат во врска со намалувањето на производството.

Расположението во рамките на OPEC се промени во насока на се поголем консензус во поглед на можноста за постигнување на договор околу начинот на сопирање на падот на цената на глобално ниво, рече нигерискиот министер за нафта, додавајќи дека ќе разговара со своите колеги во Саудиска Арабија и Катар.

„Што се цените пониски, тоа на производителите им е поголем поттикот за намалување на производството“, рече Канаме Гокон, аналитичар во Okato Shoji.

Но, повеќето аналитичари, вклучително и Меѓународната агенција за енергија изразуваат скепса во поглед на постигнување на договор на OPEC со други извозници околу сопирањето на се поголемото производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП