26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛани девизните резерви „се стопиле“ за 231 милиони евра

Лани девизните резерви „се стопиле“ за 231 милиони евра

devizni

Народната Банка (НБРМ) чува 2 милијарди и 254 милиони евра. Ова е износот на девизните резерви на крајот од јануари кои за една година се намалиле за 231 милион евра.

За овој период Македонија изгубила околу 221 милион во хартии од вредност и речиси 21 милион во монетарно злато, а благо зголемување има кај останатите депозитите и девизите.

Ова според Комитетот за оперативна монетарна политика е очекувано и во рамки на проекциите и на сигурната зона и на ниво кое што е доволно за справување со евентуални непредвидени шокови во иднина.

„Намалувањето на девизните резерви во најголем дел е поради остварените високи отплати на странски кредити, а во значително помал дел како резултат на интервенциите на НБРМ, односно остварената нето-продажба на девизи на девизниот пазар во текот на 2015 година. Во 2015 година беше остварена предвремена отплата на кредитната линија за претпазливост кон ММФ, како и редовната отплата на првата еврообврзница издадена во 2005 година, наспроти издавањето на четвртата еврообврзница, што на нето-основа предизвика одливи од девизните резерви“ соопшти НБРМ.

Сепак, централната банка се уште ги нема точно одредено и останатите причини за намалувањето на девизните резерви.

„Бројот на расположливи показатели за надворешниот сектор од почетокот на годината е ограничен, поради што и не може попрецизно да се укаже на изворите на промена на девизните резерви“ стои во соопштението на НБРМ.

Откако пред три години се засили кризата во Еврозоната, Народната банка покрај во евра и во американски долари, почна да вложува и во австралиски и канадски долари, како и во норвешки и шведски круни.

„Со оваа одлука ја намалуваме изложеноста кон кредитниот ризик согледан во однос на Еврозоната“, објаснуваа тогаш од НБРМ.

Токму девизните резерви ја гарантираат вредноста на денарот. И стојат на располагање на Народната Банка за регулирање на нерамнотежите во платниот биланс и на девизниот пазар.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП