2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоловина од светската популација би можела да остане без работа поради машините

Половина од светската популација би можела да остане без работа поради машините

masini 35366

Во следните 30 години повеќе од половина од светската популација би можела да остане без работа поради машините, смета еден компјутерски научник кој вели дека вештачката интелигенција, која и се заканува на економијата, не би требало да се потцени.

Моше Варди, професор на Универзитетот Рајс, изјави дека технологијата претставува суптилна закана, истакнувајќи дека вештачката интелегенција би можела да доведе до глобална невработеност на ниво од 50 посто, отстранувајќи ја средната бизнис класа и зголемувајќи ја нееднаквоста.

Гардијан“ пренесува дека Варди им рекол на своите колеги дека оваа промена би можела да се случи за 30 години, а дека неколку професии ќе бидат имуни на последиците од вештачката интелигенција.

„Се доближуваме до времето кога машините ќе можат да ги заменат луѓето на речиси на секое работно место“, вели научникот.

„Верувам дека општеството ќе мора да се соочи со ова прашање пред него да пристигне: Ако машините се сопсобни да ја направат речиси секоја задача која може да ја врши човекот, што ќе работат тогаш луѓето?“, се запраша Верди.

Британскиот физичар Стивен Хокинг и директорот на „Тесла“, Елон Маск претходно наведоа слични предупредувања.

Хокинг изјави дека вештачката интелигенција може да донесе „нови начини со кои работите ќе тргнат на лошо“ за опстанок на човештвото, а Маск рече дека таа претставува „најголема егзистенцијална закана“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП