3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаксо банка: Кризата се шири низ цела Европа

Саксо банка: Кризата се шири низ цела Европа

kriza12

По финансиската катастрофа на Кипар, банкарските кризи ќе се прошират во цела Европа, предвидуваат експертите од Саксо банка.

А загубите ќе ги покриваат првично штедачите и сопствениците на пропаднатите банкарски организации, додека да пристигне помоштта од ЕУ.

Тоа значи, според мислењето на економистите од Саксо банка, дека „веќе никакви депозити во Европа нема да бидат заштитени, бидејќи сме на прагот од периодот во кој политичката логика е посилна од економската“.

На Кипар се уште не се смирува ситуацијата по банкротот на локалните на банките, од каде според извештаите на локални медиуми, „снаодливи компании и три лица“ изнеле околу половина милијарда евра за време на две неделниот „банкарски одмор“ кога трансферот на пари беше формално забранет.

Според наводи на медиуми во Никозија, некои кипарски, руски и украински компании успеале да избегнат намалување на нивните депозити, додека лондонскиот Фајненшл Тајмс објавува дека за тој скандал во следните три месеци ќе се води истрага која лично ја наредил претседателот на Кипар Никос Анастасиадис.

Тој, сепак, во текот на изминатата недела се споменуваше како еден од учесниците во илегални финансиски трансакции за време на забраната на повлекување пари од домашни банки, со цел своите и парите од фамилијата да ги ослободи од банкротираните банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП