6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИран ја турна нафтата под 30 долари

Иран ја турна нафтата под 30 долари

FILE - In this June 12, 2014 file photo, a pair of tanker trucks parked next to pumps at an oil-producing well in McKenzie County, N.D.  Lower fossil fuel prices have come at a painful cost: 122,300 lost jobs in the energy sector over the past year. Average wages have tumbled 1.5 percent to $26.72 an hour for energy production workers who kept their jobs, even as workers nationwide are earning slightly more money than a year ago. The November 2015 jobs report showed the sharp contrast between the overall economy and the ailing fossil fuels industry.(AP Photo/Charles Rex Arbogast, File)

Цените на нафтата денес повторно се намалија бидејќи Иран го подготвува првиот контингент од оваа суровина за испорака, по укинувањето на меѓународните санкции во таа земја, зголемувајќи ја дополнително загриженоста поради глобалната презаситеност на пазарот.

Американската „лесна“ нафта WTI за испорака во март поевтини за 19 центи или 0,65 проценти, на 29,25 долари во тргувањето со Азија, додека нафтата „брент“ за априлската испорака опадна за 10 центи или 0,30 проценти, на 33,26 долари за барел, известува агенцијата Франс прес.

И двата референти типови на нафта се зголемија во петокот за повеќе од 10 проценти по информацијата дека членките на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) се отворени за намалување на производството, со цел цените да се искачат нагоре од 12-годишниот минимум.

Таа вест го донесе толку посакуваното олеснување во продавниците на оваа сировина, која загуби околу три четвртини од вредноста од средината на 2014 година поради преобилната понуда, хиперпродукцијата, слабата побарувачка и забавувањето на светската економија.

Меѓутоа, една од заканите која им виси над главите на трговците со нафта повторно оваа ндела се врати на дневен ред, бидејќи Иран се подготвува за повторен влез на пазарот со оваа сировина, откако се укинати западните санкции кои на Техеран ми беа воведени поради нуклеарната програма.

„После големиот скок на цената на нафтата во петокот, за повеќе од 10 проценти, трговците настојуваат дел од таа добивка на цената да го одржат“, вели пазарниот стратег на компанијата IG од Сингапур, Бернард Оу.

Факт е, сепак, како што додаваат, дека презаситеноста на понудата и понатака се надѕира во позадина, особено имајќи ја во предвид веста дека Иран го испраќа својот прв танкер за Европа откако се отстранети санкциите. Со други зборови, секое закрепнување, особено во мера во која тоа се случи во петокот, сеуште претставува прилика за продажба.

Агенцијата Блумберг Њуз, извести дека, повикувајќи се на иранскиот претставник од Министерството за нафта, во недела започнал утоварот на нафта во танкерот на францукста компанија Total на островот Карг, и дека се изнајмени танкери од кинеските и шпанските компании и тие треба да стигнат подоцна во текот на денот.

„Иран дополнително ќе влијае на неповолното движење на пазарите“, изјави аналитичарот од Сиднеј, Дејвид Ленокс, напоменувајќи дека тука се уште и 500-те милиони тони барели кои на пазарот се пумпаат од американските залихи и производителите на нафта од шкрилци.

„Додека не постои значително намалување на производстовто, нема одржливо закрепнување на цените“, додаде тој.

Шефот на азиско-пацифичкиот оддел за нафта и гас, Санџиф Гупта, изјави за Франс прес дека пазарите сега ги очекуваат економските статистички показатели од Кина, кои треба да бидат објавени оваа недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП