10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБРД следната недела со инвестициски самит за западен Балкан

ЕБРД следната недела со инвестициски самит за западен Балкан

ebrd

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) на 22-ри февруари во Лондон ќе биде домаќин на инвестицискиот самит за западен Балкан, пришто поканети се премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, соопштуваат од ЕБРД.

Претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабати, и британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд ќе бидат првите говорници на конференцијата, а на натамошните сесии ќе има обраќање и од страна на премиерите, државните министри, политичките лидери, успешните претприемачи и инвеститори. На панелите ќе се разговара за развојот на транспортните врски, потенцилајот за обновлива енергија и процесот на приватизацијата во западниот Балкан.

За време на Самитот ќе биде претставена и иновативната регионална платформа за тргување со хартии од вредност, кои котираат на бугарската, хрватската и македонската берза, а се очекува и потврда за учество од страна на српската и словенечката берза.

Целта на настанот е да ги потенцира инвестициските и бизнис можности во регионот и да го промовира приливот на директните странски инвестиции и прекуграничните проекти, пришто учесниците ќе имаат можност директно да дискутираат со клучните политички и бизнис претставници, додават од ЕБРД.

На претстојниот самит му претходи првиот инвестициски форум за западен Балкан на ЕБРД, одржан во февруари 2014-та година, каде за првпат беа собрани сите премиери од регионот. ЕБРД е еден од најголемите инвеститори во западен Балкан, односно само минатата година Банката инвестираше околу една милијарда евра во разни проекти, од енергетската ефикансост до инфраструктурата и поддршката за финансиските институции и земјоделството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП