2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 24 часа издадени потврди на 451 мигрант

За 24 часа издадени потврди на 451 мигрант

Macedonia Migrants

Во неделата од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 451 странски државјани, од кои 167 од машки и 99 од женски пол, како и на 183 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патувале без родител.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 240 државјани на Сирија, потоа на 172 државјани на Авганистан и на 39 државјани на Ирак.

Од почетокот на годината па до 14-ти февруари, издадени се потврди на вкупно 80.627 странски државјани, од кои 32.181 се од машки пол, 17.462 се од женски и 30.814 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 170 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-38.992, Авганистан-25.394 и Ирак-16.238.

Годинава до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 14-ти февруари, евидентирани се вкупно девет баратели на азил од кои шест мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП