2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПролетна акција за собирање кабаст отпад во Скопје

Пролетна акција за собирање кабаст отпад во Скопје

кабаст---

Следните викенди граѓаните на Скопје ќе можат бесплатно да се ослободат од својот кабаст, голем, гломазен отпад, затоа што градот Скопје во соработка со „Комунална хигиена“ оргнизираат една од четирите годишни вакви акции.

Минатиот викенд екипите на ЈП „Комунална хигиена“, во координација со општината Чаир, спроведоа акција за собирање кабаст отпад (мебел, стара електрична и електронска опрема) во оваа скопска општина.

Градот Скопје заедно со ЈП„Комунална хигиена“ преку своите програми за одржување на хигиената на градот и подигање отпад почна еден нов начин на организирано третирање на кабастиот и инертниот отпад на територијата на градот.

Имено, сите граѓани на Скопје имаат можност четири пати во годината бесплатно, на определени локации и договорени термини, односно до 11 часот претпладне, да ги остават сите свои стари и непотребни предмети со погабаритни големини, односно различен вид стар мебел, стари електрични апарати, како и инертен отпад од реновирање кој е уредно спакуван во вреќи.

Инаку, граѓаните во текот на годината во кое било време можат да се јават и да ги повикаат екипите на ЈП „Комунална хигиена“ да дојдат и да го подигне овој вид отпад од нивните домови, но со симболична наплата на услугата.

Исто така, самите граѓани имаат можност бесплатно во кое било време со свој превоз овој вид на отпад да го одложат во рециклажниот двор во Карпош и во новоизградениот Рециклажен двор во Вардариште.

Акциите за собирање кабаст отпад по општините ќе се одвиват според следниов план за работа на ЈП „Комунална хигиена“ :

– Општина Центар – 19 и 20 февруари,
– Општина Аеродром – 26 и 27 февруари,
– Општина Кисела Вода – 4 и 5 март,
– Општина Гази Баба – 11 и 12 март,
– Општина Бутел – 18 и 19 март,
– Општина Шуто Оризари-25 и 26 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП