26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: 10-те даночни раеви во светот

График на денот: 10-те даночни раеви во светот

tax heven 00

Во некои земји во светот дури и најбогатите имаат корист од тоа да не плаќаат или да плаќаат пониски даноци. Овие земји се познати со името „даночен рај“.

Еве ги и десетте земји во светот, каде што жителите плаќаат најниски даноци, а во исто време се карактеризираат со висок бруто домашен производ по глава на жител, според анкетата на „Howmuch.net“.

tax heven 01

Првото место на листата го зазема Бермуди. Таму данок на доход е нула проценти, а БДП на човек е 91.479 долари. Катар е на второ место повторно со нула данок на доход и БДП по глава на жител во износ од 60.796 долари. Земјата се одликува со најголемите резерви од природен гас во светот. И иако доходот не се оданочува, оние од нафта и гас се со должност од 35%. Бизнисот, сопственост на странци надвор од нафтениот и гасен сектор, се оданочуваат со рамен данок во износ од 10%.

tax heven 02

На трето место на листата се Кајмански Острови. Земјата се одликува со нула данок на доход и БДП по глава на жител во износ од 54.827 долари. Државата се оформи како сериозна офшор зона токму благодарение на ниските даноци и корпоративните даноци. И иако нема барање за задолжително задржување на социјалното осигурување, компаниите се должни да обезбедат пензија на своите вработени.

tax heven 05

Неколку земји од Блискиот Исток спаѓаат во рангирањето за „даночен рај“. По Катар меѓу нив е Кувајт, каде исто даночната стапка е нула, но БДП на човек од населението е далеку пониско – при ниво од 30.147 долари. Топ пет се дополнува од Обединети Арапски Емирати со нула стапка и 25.773 долари БДП на човек.

oae.jpg

Во десетте земји со најниски даноци и нулта стапка се најдоа уште Брунеи (25.140 долари БДП на човек), Бахами (20.690 долари БДП на човек), Бахреин (18.128 долари БДП на човек), Саудиска Арабија (17.820 долари БДП на човек) и Оман (12.472 долари БДП на човек).

tax heven 04

Од земјите надвор од Блискиот Исток, со низок данок на доход се разликуваат уште Хонгконг со 16,5% и 34.222 долари БДП на човек и Русија со 13%, но БДП од само 6.844 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП