10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТрик со чија помош Вие или Вашата компанија долго ќе бидете запаметени

Трик со чија помош Вие или Вашата компанија долго ќе бидете запаметени

Businessman-pointing-copy-space (1)

Се е во тоа како ќе ја раскажете приказната. Во бизнисот, како и во животот, ги паметиме приказните, особено оние кои ни помагаат подобро да се разбереме себе си и нашиот свет. Рекламите, компаниите и луѓето кои најдобро ги паметиме поседуваат таква приказна.

Сите ние имаме проблем кога ќе наидеме на ова прашање? „Со што се занимава вашата компанија“ или „Со што се занимавате вие“. Како на некој лаик да му објасните за да му биде разбирливо и интересно? Како на некој лаик да му кажете „Ние правиме банери“, или на некоја повозрасна личност која не ја познава таа област да и кажете „Јас сум маркетинг менаџер“. Ако токму така кажете ќе биде неразбирливо и досадно, пишува Inc.com

Потребна е приказна која нешто ќе му значи на соговорникот, со која тој ќе може да се поистовети, да ја разбере и во која може да се пронајде.

Техниката е многу лесна, и што е најважно, секогаш делува. Формулата оди вака, а подоле ќе дадеме и пример

1. Се сеќавате ли кога се обидувавте (да направите нешто) и наидовте на (одреден проблем)?

2. Компанијата во која работам (или мојата компанија), (работи нешто поинакво, го решава тој проблем).

3. Како резултат на тоа (се достигнува одредена цел)

Да кажеме на пример дека работите во Фејсбук. Ок сите знаат што е Фејсбук, но да кажеме пред десет години многумина не знаеа. Или ставете се во положба дека треба да и објасните на вашата баба што е тоа Фејсбук.

1. Се сеќаваш кога сакаше да ја пронајдеш пријателката со која си одела заедно во училиште, онаа од друг град?

2. Фејсбук помага да се спојат пријателите (дури и на огромна далечина) со помош на името и презимето.

3. Сега секој може да се поврзе со тој што сака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП