4 јули, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОбјавен бразилскиот роман „Макунаима“ од Марио де Андраде

Објавен бразилскиот роман „Макунаима“ од Марио де Андраде

роман-roman

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави романот „Макунаима“ од Марио де Андраде.

Книгата е дрска и убедлива, сигурен триумф на фантазијата. Романот „Макунаима“ има ненадминато место во бразилската литература, велат од издавачката куќа.

Преводот на македонски е на Душанка Каевска.

Делото е објавено со поддршка од Министерството за култура на Бразил и на Фондацијата Национална библиотека.

Марио де Андраде (1893-1945) е бразилски писател и се смета за создавач на модерната бразилска поезија. Како централна фигура на авангардата, имал огромно влијание врз современата бразилската литература и култура. Неговите интереси покривале од историја преку уметност до музика, поради што го сметаат за национален енциклопедиски ум, полимат. Имал и политичка кариера. „Макунаима“ е неговото најпознато дело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП