26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Германците придонесоа за сопствениот успех

Како Германците придонесоа за сопствениот успех

germanska kesa

Повисоките цени на храната, услугите и кириите ја протуркаа инфлацијата во Германија за 0,5 отсто во јануари, по растот од 0,3 проценти во декември.

Според хармонизираниот индекс за потрошувачките цени (HIPC), кој како мерило на инфлацијата го користи Европската централна банка (ECB), растот на потрошувачките цени во Германија во јануари изнесуваше 0,4 отсто, што е благо забрзување во однос на 0,2 посто од претходниот месец, покажаа официјалните податоци од државниот завод за статистика, „Дестатис“.

Целта на „ECB“ е годишна стапка на инфлација од под 2,0 отсто, па поради тоа оваа институција во изминативе години покрена низа мерки за подигнување на инфлацијата во еврозоната.

Програмата на „ECB“ за откуп на обврзници на земјите членки во еврозната, познати како квантитавивно олабавување, покренато е минатата година и првично се чинеше дека делува, но економското забавување на Кина и падот на цената на нафтата повторно ја намали стапката на инфлација во блокот од 19 членки.

„Дестатис“ исто така соопшти дека германската економија, најголемата во Европа, пораснала за 0,3 проценти во четвртиот квартал од минатата година, поттикната пред се од зголемената домашна побарувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП