18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОбјавен е крајот на Picasa

Објавен е крајот на Picasa

pikasa 3535

Крајот го претстави уште пред неколку години, но сега веќе е официјално – „Google“ престанува co поддршката за „Picasa“.

Во пост во корпоративниот блог, шефот на „Google Photos“ Анил Сабхарвал објави дека апликацијата за десктоп машини нема да добива поддршка по 16-ти март. Веб албумите ќе бидат задржани, но од 1-ви мај нема да може да бидат обработени или да се додаваат нови.

„Google“ препорачува, се разбира, преминување на новата услуга „Photos“, каде што корисниците на „Picasa“ ќе ги најдат нивните слики и податоци.

„Можеме да обезбедиме подобра услуга, ако се фокусираме само на една платформа која има поголема функционалност“, ја објаснува промената Сабхарвал.

Компанијата сепак не очекува сите фанови на „Picasa“ да преминат лесно на новата локација. За оваа група проектниот тим планира сопствена платформа, за да може сликите и нивните податоци да продолжат да се достапни. Повеќе информации ќе објави наскоро самиот Сабхарвал. Крајот на „Picasa“ влијае и на фирмите кои го користат протоколот „API“ од порталот за слики во свои проекти. Функциите на интерфејсот ќе бидат ограничени од 1-ви мај.

„Picasa“ веќе постоеше две години, кога во 2004-та година беше купена од „Google“. Со претставувањето на „Google+“, Концернот „Alphabet“ изгради втора платформа која минатата година стана „Google Photos“. Минатата есен според официјалните податоци услугата имаше 100 милиони корисници.

Пред три години едниот од основачите на компанијата и поранешен извршен директор Лари Пејџ изјави по повод на социјалната мрежа „Google+“ дека Концернот има намера „да се поедностави и да ја сортира“ својата производна линија. Во следните години „Google“ планирала да се фокусира на проекти кои се сметаат како клучни за компанијата.

Не за прв пат „Google“ да затвора свои проекти, вклучувајќи и такви кои уживаат голема популарност. Во јуни 2011-та година компанијата најави планови за прекин на „Google Health“ и „Google PowerMeter“ – два проекта кои некогаш се гледа како прилично амбициозни. Со помош на „Google Health“ корисниците можеа да чуваат во глобалната мрежа свои медицински податоци (информации за здравствена состојба, рецепти и слично) и да им се обезбеди пристап до овие информации на други лица.

Идејата за промоцијата во 2009-та година на „Google PowerMeter“ беше да се обезбеди алатка со помош на кој корисниците ќе можат да ја следат потрошувачката на електрична енергија во својот дом од било каде со помош на интернет конекција.

Во средината на 2012-та година „Google“ одлучи да затвори повеќе или помалку познати услуги, вклучувајќи ги „iGoogle“, „Google Mini“, „Google Video“, „Google Talk Chatback“ и апликацијата за пребарување за „Symbian“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП