19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТаксистите и автобусите го блокираа преминот „Богородица“

Таксистите и автобусите го блокираа преминот „Богородица“

bogorodica883

Такси превозници и автобуси утрово во 10 часот го блокираа граничниот премин Богородица при влез и излез од Македонија кон Грција, соопштуваат од АМСМ.

Тие се револтирани и бараат да бидат вклучени во превезувањето на бегалците од Гевгелија до Табановце. Според нив, договорот постигнат минатата недела не се почитува – тие да ги превезуваат мигрантите преку ден, а возовите на „Македонски железници“ ноќе. Па, од минатата недела неколку дена протестираа и ја блокираа пругата кај Гевгелија, но по интервенција на полицијата железничкиот сообраќај беше воспоставен.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и по влажни коловози. Слаба магла има во Тетово, Гостивар, Кула и Петровец.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП