25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOMV бара купувач за турскиот бизнис

OMV бара купувач за турскиот бизнис

OMV3335

Австрискиот енергетски концерн „OMV“ има намера да се ослободи од стекнатиот од пред пет години турски синџир на бензински пумпи „Petrol Ofisi“, пишува австрискиот весник „Die Presse“.

Австрискиот концерн ја купи „Petrol Ofisi“ во 2010-та година за 1 милијарда евра во стратешка трансакција која се претпоставуваше дека ќе ги зајакне позициите на австриската група во поширокиот касписки и блискоисточен регион. Компанијата веќе држеше 34% од турскиот синџир од 2006-та година.

Планираната продажба на 100% од акциите цели да го оптимизира интегрираното портфолио на австриската компанија во предизвикувачката пазарна средина, погодена од ниските цени на нафтата.

„Petrol Ofisi“ е и водечки трговец на нафта на големо, а исто така има најголем бизнис во Турција со складирање и логистика на горива. Но веќе некое време, турскиот бизнис не се развива добро, бидејќи бил под негативното влијание од интервенцијата на регулаторот, кој ги намали маржите во целата индустрија, појаснуваат од австриската компанија.

Поевтинувањето на нафтата го принуди „OMV“ да отпише дел од средствата, што и донесе на групацијата нето загуба од 472 милиони евра за третиот квартал од минатата година.

Се очекува компанијата да го објави својот годишен финансиски резултат и приспособената бизнис стратегија на 18-ти февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП