3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар не запира, бележи уште еден квартален раст

Кипар не запира, бележи уште еден квартален раст

kipar1

Економијата на Кипар, спасената членка на еврозоната, ја заврши 2015 година на ниво на задачата, со четврти последователен квартален раст, покажаа официјалните податоци.

Бруто домашниот производ на Кипар порасна за 0,4 проценти во четвртиот квартал минатата година, по растот од 0,5 проценти во третиот и 0,7 проценти во вториот квартал, соопшти статистичкиот завод на Кипар, пренесува агенцијата Франс прес.

Растот во четвртиот квартал бил за 2,7 проценти поголем отколку една година претходно, и за 2,3 проценти во пораст во однос на третиот квартал од 2014 година.

Според статистичките показатели, растот е остварен во производството, градежништвото, трговијата, хотелските, ресторанските, како и транспортните и финансиските услуги.

Кипар повеќе од три години трпеше забавување на економијата, а потоа владата воведе остри мерки за штедење во замена за пакетот помош од ЕУ и ММФ.

На почетокот на овој месец Европската комисија прогнозираше раст на БДП на Кипар од 1,4 проценти во 2015 година и 1,5 проценти во 2016 година.

Владата планира да излезе од спасувачката програма во наредните месеци, откако минатата година земјата исплива од рецесијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП