26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена стапката на невработеност во Грција

Намалена стапката на невработеност во Грција

grcijaaaa-ja-ja-ja

Стапката на невработеност во Грција во ноември 2015 година изнесувала 24,6 проценти, што е за 1,3 проценти помалку во однос на истиот период претходната година, пренесува агенцијата АА.

Според податоците на Заводот за сатистика на Грција, ЕЛСТАТ, во оваа земја во ноември 2015 година се забележани 1.180.516 невработени. Стапката на невработеност во ноември изнесувала 24,6 проценти, а бројот на невработени е намален за 55.857 лица.

Стапката на невработеност во ноември 2014 изнесувала 25,9 проценти.

Кога станува збор за стапката на невработеност кај младите, односно лица на возраст меѓу 15-24 години, стапката се намалила од 51,4 на 48 проценти, а кај лицата на возраст од 25-34 стапката на невработеност е зголемена од 33,6 на 34,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП