20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во јануари изнесувала 0,1 отсто

Инфлацијата во јануари изнесувала 0,1 отсто

инфлација-цени

Индексот на трошоците на животот, што е клучниот показател за движење на инфлацијата, во јануари 2016 година, во споредба со истиот месец лани бележи пораст од 0,1 отсто, објави во петокот Државниот завод за статистика.

На месечно ниво е забележана дефлација од 0,2 отсто, односно трошоците на животот во просек се намалиле.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот на месечно ниво е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 1,9 отсто, сушеното, соленото и пушеното месо за 1,6 отсто, јајцата за 0,6 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,5 отсто, лебот и месото за 0,4 отсто, свежиот и разладен зеленчук освен компир за 0,3 отсто.

Во јануари, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај обувките за 3,7%, течните горива и мазива за 3,5%, туристичките аранжмани за 3,4%, малите алатки и останатите додатоци за домаќинствата за 1,7%, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 1,4%, предметите за лична хигиена и здравје за 1,3%, услугите за лична хигиена за 1,0%, превозот на патници со автобус за 0,8%, лековите и

угостителските услуги во рестораните и хотелите за 0,6%, облеката и други нетрајни средства за домаќинствата за 0,3%, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата за 0,2%.

Пораст на индексот на трошоците на животот во јануари е забележан кај другите пекарски производи за 2,9%, замрзнатиот зеленчук освен компирот за 2,0%, другите прехранбени производи за 1,9%, оризот и компирот за 1,8%, изнутриците за 1,6%, брашното и другите житарици за 1,5%, конзервираното овошје за 1,1%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,0%, другите преработки од месо, рибата и морските плодови за 0,7%, помалку масното млеко, сирењето и урдата, маслото и маснотиите за 0,5%, полномасното млеко за 0,3% и безалкохолните пијалаци за 0,2%.

Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 4,9%, средствата за чистење и одржување на станот за 3,2%, болничките услуги за 2,1%, автомобилите за 1,4%, малите електрични апарати за домаќинствата за 1,2%, големите електрични апарати за домаќинствата за 1,1%, накитот и часовниците за 0,3%, материјалите за одржување и поправки на станот и информатичката опрема за 0,2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП