29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на индексот МБИ-10

Раст на индексот МБИ-10

mak berza2222

Главниот индекс на Македонската берза – МБИ-10 порасна во петокот за 0,47 отсто, додека ОМБ индексот остана без промена на последниот трговски ден оваа недела.

И покрај скромниот промет, главна карактеристика на денешниот трговски ден беше оптимизмот и раст на цените. Се тргуваше со 19 хартии од вредност, при што кај десет имаше раст на цената, пет имаа пад, а пет хартии немаа промена.

Вкупниот промет изнесуваше само 2,5 милиони денари кој беше реализиран во 41 трансакција.

Најголем раст имаа акциите на Скопски пазар (2,99 отсто), Македонијатурист (1,74 отсто), Макпетрол (1,69 отсто) и Комецијална банка (1,69 отсто).

На губитничката листа, пак, води акцијата на Тиквеш каде со истргувани 70 акции по цена од 2.507 денари цената падна за 9,85 отсто. Слично беше тргувањето и со акцијата на Хотели Метропол Охрид каде падот изнесуваше 8,11 отсто (количество од 1.200, по цена 170 денари).

Најликвидни беа акциите на Стопанска банка Битола (0,38 милиони денари), Гранит (0,30 мил. денари) и Комерцијална банка (0,28 мил.денари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП