13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна реконструкцијата на тротоарите на Рилски конгрес во Црниче

Започна реконструкцијата на тротоарите на Рилски конгрес во Црниче

rilski kongres 353

Општина Кисела Вода денеска започна со градежните активности за комплетна реконструкција на тротоарите на улицата Рилски конгрес, во населбата Црниче.

„Денес го промовираме проектот кој е во програмата на општина Кисела Вода и во буџетот усвоен за 2016, а тоа е реконструкција на тротоарите по улицата „Рилски конгрес“, во потег од улицата „Банско“ до улицата „Пржино“. Се работи за изведба на должина од 600 метри и од левата и од десната страна“, рече градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.

Таа додаде дека работите ќе ги изведува  фирмата „Урбан Десигн“, а за изведба на овие градежни активности, општина Кисела Вода од својот буџет вложи околу 3.240.000 денари.

„Се надевам дека фирмата изведувач ќе го запази временскиот рок, секако, доколку нѐ послужат и временските услови, за до 30-ти март тешката механизација да се повлече од оваа улица и истата да биде пуштена во употреба“, изјави градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП