5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се однесувате кога ќе се сретнете со директорот во лифт?

Како да се однесувате кога ќе се сретнете со директорот во лифт?

184592161656b9ddfddd3cf115616243_w640

Дали да молчите или да разговарате? Можеби вашето молчење ќе го сфати како непочитување?

Пет или седум катови до вашата канцеларија ви се чинат како вечност кога во лифтот ќе го сретнете директорот. Дали да молчите или да разговарате? Вашето молчење може да го сфати како непочитување, додека пак опуштениот разговор може да го наведе на мислата дека сте непрофесионални.

Не се нервирајте, туку послушајте ги советитe на Џули Блес, автор на книгата „Бонтон: Самоувереност и кредибилитет“. Таа советува први да проговорите, а потоа да ја следите реакцијата на надредениот. Ако е воздржан, задржете се на поздравот и евентуално прокоментирајте ги временските прилики. Така нема да ја прејдете границата на дозволеното и не може ништо да се протумачи погрешно.

Кога, од друга страна, директорот е насмеан и љубезен, бидете внимателни бидејќи таа срдечност не значи дека можете да се опуштите и да зборувате за се. Ако сте ги запознале членовите на неговото семејство, прашајте за нив. Дозволен е и разговорот за хобито, па ако знаете дека вашиот директор е страствен љубител на филмови, замолете го да ви препорача некој филм.

Воздржете се од комплименти дури и ако многу го цените, бидејќи тоа може да го протумачи како „умилкување“. Немојте да го користите возењето во лифт заедно за да „нападнете“ со прашања за компанијата и молби за повисока плата. На заминување насмевнете се и посакајте му пријатен ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП