18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОблакодер во Јапонија ќе е два пати повисок од Burj Khalifa

Облакодер во Јапонија ќе е два пати повисок од Burj Khalifa

j oblakoder

Во Јапонија се планира изградба на облакодер, кој ќе е два пати поголем од највисоката зграда во светот „Burj Khalifa“. Работното име на зградата е „Sky Mile Tower“, а таа ќе е дом на околу 55.000 луѓе.

Облакодер ќе им нуди на жителите и гостите набљудувачко игралиште на висина од 320 метри, како и ресторани, хотел, библиотека, продавници, фитнес и болница. Архитектите на проектот тврдат дека облакодер ќе е апсолутно заштитен од секакви природни катаклизми.

j oblakoder2

Токио е еден од најранливите градови во светот, а како закана за јапонската престолнина се тајфуни, урагани, зголемувањето на морското ниво и друго. Според архитектите, силните ветрови ќе се поголема закана за зградата, отколку земјотресите во регионот. Зградата ќе биде опкружена со хексагонална структура со ширина од 150 до 1500 метри, чија цел ќе биде заштита на „Sky Mile Tower“ од големите бранови во заливот.

Облакодерот ќе користи енергија од обновливи извори на енергија, а лифтовите во неа ќе можат да се движат хоризонтално и вертикално. Во случај проектот да биде одобрен, изградбата на „Sky Mile Tower“ се очекува да биде завршена во 2045-та година.

j oblakoder1

Највисоката зграда во светот во моментот е во Дубаи, „Burj Khalifa“ со височина од 828 метри. Неколку проекти веќе најавија дека планираат во следните години да ја преминат границата од 1 км. „The Kingdom Tower“, кој се очекува да биде готов во 2019-та година, ќе има висина од 1008 метри. Исто над 1 км ќе биде висината на облакодерот „Azerbaijan Tower“ (1050 м), додека „Bride tower“ во Ирак се очекува да се издигнува на 1152 метри височина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП