2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали електронските цигари се опасни во бременоста?

Дали електронските цигари се опасни во бременоста?

Elektronska-cigareta1-620x350

Ако сте бремени, а сте пушач, секако дека треба да ги оставите цигарите. Но, дали тоа важи и за електронските?

Поради тоа што дефинитивно не е добро да се пуши во бременоста, жените најчесто се префрлаат на електронските цигари, кои ги сметаат за поздави. Меѓутоа, дали е тоа точно?

На бремените жени стриктно им се препорачува целосно да го прекинат консумирањето на цигари, но многу од нив сметаат дека електронските цигари се поздрави и дека можат да бидат замена за класичните цигари и тутунот.

Меѓутоа, докажано е дека хемикалиите кои се присутни во пареата која ја произведуваат електронските цигари, можат да бидат исклучително опасни во бременоста, и што е поважно, можат да се одразат на здравјето на плодот.

Професорот Џудит Зеликов, од њујоркшкиот универзитет, смета дека електронските цигари не се ниту малку понеопасни од класичните. Овој заклучок е изнесен по лабараториските анализи со глувци, каде е забележан застој во развојот на мозокот кај глувците кои биле изложени на хемикалии од пареата на електронските цигари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП