21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРелативно слаб резултат на еврозоната

Релативно слаб резултат на еврозоната

slab-rast-evrozonata

Економијата на еврозoната во последниот квартал од 2015 година оствари раст од 0,3 проценти во однос на претходниот квартал.

Тоа, според оценките на американската агенција АП, е релативно слаб резултат со оглед на предноста во вид на евтините енергенти, слабеењето на еврото и монетарните поттикнувања.

Ваквиот раст, сепак, според соопштението на европската служба за статистика Еуростат, е во согласност со пазарните очекувања, откако претходно објавените податоци покажаа дека Германија, најголемата европска економија, остварила иста стапка на раст.

Во цела измината година, бруто домашниот производ на еврозоната пораснал за 1,5 проценти, што е најголема стапка од 2011 година, но и понатака е под нивото кое би помогнало за значително намалување на невработеноста која и понатака е над 10 проценти.

После овогодишната криза на глобалните финансиски пазари, постои загриженост дека растот на еврозоната би можел да забави, оценува АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП