19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците покажаа дека не признаваат криза

Германците покажаа дека не признаваат криза

германците

Германската економија, најголемата во Европа, порасна за 0,3 проценти во четвртиот квартал од минатата година, поттикната од се посилната домашна побарувачка.

Германскиот бруто домашен производ (БДП) е зголемен за 0,3 проценти во периодот од октомври до крајот на декември 2015 година, што е истата стапка на раст како и во претходниот квартал, се наведува во соопштението на Дестатис, пренесува агенцијата АФП.

По растот на БДП од по 0,4 проценти во првиот и вториот квартал, германската економија порасна за по 0,3 проценти во третиот и четвртиот квартал, што резултираше со раст од 1,7 проценти за целата претходна година, наведоа статистичарите, потврдувајќи ја прелиминарната проценка објавена минатиот месец.

„Економската ситуација во Германија ја обележа цврст и континуиран раст во 2015 година“, констатираше Дестатис, додавајќи дека позитивните импулси потекнуваат пред се од домашната побарувачка.

Државната потрошувачка нагло порасна, додека потрошувачката на домаќинствата забележа скромен раст.

„Најважно е дека инвестициите имаа позитивно движење, при што инвестициите во градежниот сектор значително се зголемени во однос на третиот квартал“, наведува статистичката канцеларија.

Истовремено, надворешната трговија имала пригушен ефект на растот поради понискиот извоз, додава Десатис, пренесува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП