1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата скокнаа речиси 5 отсто

Цените на нафтата скокнаа речиси 5 отсто

nafta 93939

Цените на нафтата на светските пазари во петокот скокнаа за речиси пет отсто, откако министерот за енергетика на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ),членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), поттикна надежи за координирано намалување на производството, иако аналитичарите таков аналитичар таквиот развој на ситуацијата и натаму го сметаат за малку веројатен, истакнувајќи дека прекумерната понуда ќе се одржи.

Со барелот нафта на лондонскиот пазар во петокот претпладнето се тргуваше по 31,43 долари, што за 1,36 долари или за 4,56 отсто повисоко отколку на затворањето на тргувањето во четвртокот.

На американскиот нафтен пазар, пак, се тргуваше со 27,42 долари, за 4,62 отсто или за 1,21 долари повисока цена во споредба со затворањето на претходниот трговски ден во текот на кој накусо се симна и до најниското ниво од 2003 година.

Организацијата OPEC во својот одделен извештај во петокот објави дека цената на барелот нејзина референтна кошница нафта во четвртокот изнесувала 25,21 долари, што значи дека паднала за 70-ина центи во однос на затворањето на тргувањето во средата.

Скокот на цената на лондонскиот пазар во петокот следеше откако министерот за енергетика на ОАЕ, Сухаил бин Мохамед ал-Мазруеи, изјави дека OPEC е подготвен да разговара со другите производители за намалување на производството. Членките на OPEC биле подготвени да соработуваат со другите производители во однос на прашањето на намалувањата, изјави министерот, додавајќи дека сепак евтината нафта веќе ги принудила некои производители на одредени скусувања кои ќе помогнат за повторна рамнотежа на пазарите.

И покрај повисоките цени на нафтата на лондонскиот и американскиот пазар, аналитичарите гледаат мали шанси членките на OPEC и земјите кои не се членки на овој картел за постигнување договор околу заеднички мерки. Прогнозираат дека ниските цени како последица на прекумерната понуда веројатно ќе се задржат.

Цените на нафтата стрмоглаво паднаа за повеќе од 70 отсто од средината на 2014 година, бидејќи производителите дневно произведуваат вишоци од еден до два милиона барели сирова нафта во однос на побарувачка, и тоа во време кога растот глобалната економија забавува, предводено од забавувањето во Кина.

И додека цените на нафтата се ниски, волатилноста е многу висока од почетокот на годината, па цените во текот на само неколку дена паднат и растат во интервал од 0 до 20 отсто, истакнуваат аналитичарите. Тие очекуваат дека волатилноста на цените на сировата нафта ќе продолжи, а очекуваат дека нафтените пазари ќе почнат да воспоставуваат рамнотежа во втората половина од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП