26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Рено пораснала речиси 50 отсто

Добивката на Рено пораснала речиси 50 отсто

Renault Logo Wallpapers hd - logo.bullgallery.com

Добивката на Рено пораснала мината година речиси 50 отсто благодарејќи на големата продажба на новите модели, но заради кризата на рускиот пазар овој француски производител на автомобили отпиша дел од уделот во АвтоВАЗ, производител на Лада.

Според бизнис извештајот објавен во петок, чистата добивка на Рено во 2015 година достигна 2,82 милијарди евра, додека година дена порано таа изнесувала 1,89 милијарди. Приходите на компанијата пораснале, пак, за 10,4 отсто, на 45,33 милијарди евра.

„Резултатите претставуваат решавачки чекор кон остварувањето на нашиот план“, порача во соопштението извршниот директор на Рено.

Во соопштението уште се наведува дека Рено отпишал 620 милиони евра од својот 37 отстотен удел во АвтоВАЗ, порачувајќи дека трошоците би можеле и дополнително да пораснат бидејќи веројатно ќе инјектира свеж капитал кај овој производител на возила заради колапсот на побарувачката во Русија.

АвтоВАЗ лани забележа загуба од 395 милиони евра, а се очекува рускиот пазар на автомобили, кој од 2012 година е речиси преполовен, ова година дополнително да падне за 12 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП