27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКристин Лагард останува на чело на ММФ уште 5 години

Кристин Лагард останува на чело на ММФ уште 5 години

Lagarde-Christine3333

Шефот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард ќе остане на функцијата уште 5 години, пренесе „ВВС“.

Од финансиската институција најавија дека Лагард, чиј актуелен мандат истекува во јули, е единствениот кандидат за позицијата.

„Еден кандидат, сегашниот управен директор Кристин Лагард, е номиниран“, гласи официјалното соопштение на извршниот одбор на организацијата.

Таа на крајот на минатиот месец изјави дека има намера да остане на функцијата. До вчера, кога истече рокот за поднесување на кандидатури, нема други барања. САД, кои го држат основниот удел во кредитната институција се силен поддржувач на курсот на 60-годишната Лагард во услови на глобална финансиска криза. Таа има поддршката и на многу европски земји.

Кристин Лагард, поранешен министер за економија на Франција, ја зазема функцијата од јули 2011-та година. Се очекува извршниот борд да ги исполни брзо преостанатите процедури и да го официјализира изборот на Лагард до почетокот на март.

Некогаш дел од конзервативната влада на претседателот Никола Саркози, Лагард се избори со неколку кандидати од земји во развој во 2011-та година. Нејзината победа тогаш предизвика критиките дека од своето основање во 1944-та година, ММФ никогаш немал раководител кој не е Европеец.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП