Обврзницата за денационализација од тринаесеттата емисија (РМДЕН13) беше во фокусот на инвеститорите во четвртокот.
Вкупно 198.395 лотови се истргуваа по просечна цена од 93,71 отсто, што претставуваше 71 процент од целиот промет во четвртокот. Минимален промет имаше и со обрзниците РМДЕН09 и РМДЕН10.
Кај тргувањето со акциите, главен акцент имаа акциите на Топлификација и Алкалоид. Ваквиот невообичаено голем промет (обем од 1.227 акции) придонесе за раст од 5,34 отсто и просечна цена од 642,58 денари, додека Алкалоид порасна за 1 процент со истргувани 131 акција по цена од 5.372,28 денари.
Макстил со промет од 11.000 денари порасна за 9,61 отсто, 200 акции по цена 55 денари.
Надвор од редовното тргување имаше блок трансакција со акциите на Скопски пазар и промет од 1,5 милиони денари, односно количество од 191 акција по цена 8.241 денар