15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна изградбата на улиците „Пиринска“ и „Ленинова“ во Македонска Каменица

Започна изградбата на улиците „Пиринска“ и „Ленинова“ во Македонска Каменица

изградба

Општина Македонска Каменица започна во четвртокот со реализација на уште еден проект кој е од огромно значење за граѓаните.

Започнати се градежните активности за изградба на улиците „Пиринска“ и „Ленинова“ во градското подрачје на Македонска Каменица. Ќе бидат асфалтирани вкупно 670 метри, при што улица „Пиринска“ ќе биде со ширина на коловозот од 5,5 метри и тротоари од двете страни, а ширината на коловозот на улица „Ленинова“ ќе биде 3,5 метри. Проектот опфаќа изградба на потпорни ѕидови во вкупна должина од околу 250 метри, изградба на атмосферска канализација и поставување на улично осветлување.

Фирма изведувач е „Стојменов“ ДООЕЛ од Кочани, а со реализацијата на овој проект ќе биде надминат повеќе деценискиот проблем со кој се соочуваа жителите на овој дел од Македонска Каменица.

Изградбата на улиците „Пиринска“ и „Ленинова“ е финансирана од буџетот на општина Македонска Каменица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП