11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Прв до Врв“ за Св. Трифун организира искачување на Водно

„Прв до Врв“ за Св. Трифун организира искачување на Водно

prv-vrv

Здружението„Прв до Врв“ организира искачување на Водно во недела на 14 февруари, кое тематски е посветено на виното и празникот Св.Трифун.

Настанот ќе се состои од групно планинарење и возење велосипеди до врвот на Водно, како и заедничко дружење на групата на врвот на планината.

Стартот е закажан за 9 часот наутро пред основното училиште Кочо Рацин, а потоа околу 11 часот е предвиден делот за дружење и традиционално одбележување на празникот со македонско вино.

Во настанот традиционално учествуваат планинари, велосипедисти, спортисти, рекреативци, а поканети се сите граѓани да земат учество и да го поминат денот во здрава рекреација на Водно.

Целта и на овој месечник во серијата месечни настани во организација на Прв до врв, е да се “мобилизираат” што повеќе граѓани да учествуваат во заеднички и масовен тренинг и рекреација со искачување на Водно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП