4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропски инженерски натпревар ќе се одржи во Скопје

Европски инженерски натпревар ќе се одржи во Скопје

teh natprevaruvawe

Седмото по ред издание на ЕВЕC (European BEST Engineering Competition) – најголемиот инженерски натпревар во Европа ќе се одржи од 16-ти до 18-ти февруари во просториите на кампусот на техничките факултети во Скопје.

Под слоганот „Awaken the engineer within“, инженерскиот натпревар се одвива во текот на три дена од кои: првиот ден е резервиран за формуска расправа и свечено отварање, а вториот и третиот ден, за натпреварувачките денови за „Case study“ и „Team design“.

Во категоријата „Case study“ на учесниците ќе им биде доделен „случај“ со теоретски проблем. Тимовите треба да го најдат најдоброто решение со употребата на нивните аналитички вештини, академско знаење, креативност и нивната способност за соработка со тимот.

Во категоријата „Team design“ учесниците треба да го решат дадениот проблем со одредени материјали во ограничено време. Оваа категорија ги предизвикува инженерските способности на студентите како и нивната креативност, академско знаење и способност за тимска работа.

Победниците од двата дена ќе имаат шанса да продолжат на регионално ниво во Подгорица, а потоа победниците пак од таму, натпреварувањето ќе го продолжат на Европското финале кое оваа година ќе се одржи во Белград.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП