6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата падна под 31 долар

Цената на нафтата падна под 31 долар

nafta 4839

Денеска цената на нафтата повторно падна на светските берзи поради загриженоста за побарувачката во неизвесен глобален амбиент, а дополнително ја притисна и најновиот податок од САД за рекордните резерви на сирова нафта во клучниот јазол.

Барел на нафта на лондонската берза се намали за 31 цент, на 30,53, а вчера на затворањето беше во благ плус од 52 центи.

Нафтата поевтини и на американската берза, за речиси 70 центи, на 26,76 долари и се движи близу најниското ниво од 2003 година. Во претходниот ден тргувањето го заврши во минус од 49 центи, по објавата на американската влада за рекордно високите резерви.

„Цената на нафтата падна поради неповолните фундаменти, додека ценовна војна се води во рамки на членките на OPEC поради уделот на азискиот пазар“, рече Бјорн Шилдроп, аналитичар за пазарен удел во шведската банка SEB.

Тој додаде дека падот на цената на нафтата делумно се припишува на повлекувањето на инвеститорите на глобално ниво од ризичен имот.

Во фокус на берзите беше и Иран, бидејќи на азиските купувачи им понуди пониски цени на сирова нафта во однос на Саудиска Арабија што е знак дека производителите преку снижување на цените и натаму се борат за пазарен удел.

Од поважните вести на пазарот се издвојува извештајот на американската управа за енергетика, кој во средата покажа дека резервите на сировата нафта во главниот чвор Кушинг пораснаа за речиси 65 милиони барели.

Во засебен извештај, OPEC објави дека цената на барел референтна кошничка нафта во средата изнесуваше 25,93 долари, што значи дека е намалена за речиси 2,5 долари во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП