10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавени шест нови возови до крајот на април

Најавени шест нови возови до крајот на април

возови

Во средата пристигнал вториот од набавените возови во ЈП „Македонски железници Транспорт“, кој ќе сообраќа на релација меѓу Скопје и Битола, а според договорот до крајот на април ќе пристигнат сите шест возови, изјави во четвртокот министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

„Со набавката на новите шест возови, обновата и изградбата на нови пруги, како и реновирањето на железничките станици, ќе направиме целосна обнова на железницата“, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој го посети Демир Хисар.

„Постојано сум информиран за динамиката на изработка и подготовка на возовите во Кина за Македонија, и тие во нашата држава ќе пристигнат до крајот на април. Освен возовите, вршиме рехабилитација и реконструкција на железничките станици на Коридорот 10. Во завршна фаза е и реконструкцијата на железничката станица во Скопје. Како Влада вложуваме и во изградба на нови пруги со што ќе направиме целосна обнова во железницата“, рече Мисајловски.

Претходно во четвртокот од министерството за транспорт и врски информираа дека железничката пруга на релација Битола – Кременица до границата со Грција се гради, но со забавено темпо. Министерот Мисајловски во врска со тоа најави дека ќе бара од компанијата што го доби тендерот да претстави нов динамички план и да се придржува кон него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП