2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте бројот на заболени од грип

Расте бројот на заболени од грип

грипппп

Во текот на петтата недела од 2016 година (01.02 – 07.02.2016), во Република Македонија од 28 извештајни единици пријавени се 3.127 случаи на грип/заболувања слични на грип, со инциденца од 151,1 на 100.000 жители, што претставува зголемување за 61% во однос на минатата недела.

Бројот на пријавени лица оваа недела е поголем за 89,6% споредено со 5-тата недела од минатата сезона, кога беа регистрирани 1.649 случаи, а во однос на типичната сезонска крива за последните 5 сезони исто така постои зголемување од 57,7%

Како и претходната, и во 5-тата недела, најголем број заболени (n=2.208) се пријавени во возрасната група од 15-64 години. Највисока инциденца оваа недела е регистрирана кај децата/учениците на возраст од 5-14 години (I=209,1/100.000) и кај децата на возраст од 0-4 години – 200,5/100.000 жители.

Оваа недела најголем број заболени (440) се пријавени од ЦЈЗ Битола, ЦЈЗ Прилеп има регистрирано 399 заболени, ЦЈЗ Струмица – 394, ЦЈЗ Охрид – 303 и ПЕ Свети Николе со 255 случаи каде е регистрирана и највисока инциденца во текот на оваа недела (I=1.243,2/100.000). ЦЈЗ Скопје, оваа недела регистрираше 247 заболени лица (Картограм).

Вкупниот број на пријавени случаи во текот на оваа сезона е 8.007, со инциденца од 387,0 на 100.000 жители. Во споредба со истиот период од минатата година, вкупниот број на пријавени случаи во оваа сезона е поголем за 17,2%, а во однос на моделот за последните пет сезони се регистрира исто така зголемување од 6,9%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП