30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai и Кia повикуваат 2 милиони возила во САД

Hyundai и Кia повикуваат 2 милиони возила во САД

bilde

„Hyundai“ и „Kia“ објавија повик за вонреден сервис на околу 1.9 милиони автомобили во САД поради проблеми со електрониката.

Според информациите сопствениците на 1.06 милиони автомобили од производителот „Hyundai“ треба да се појават на сервис, додека „Kia“ ќе го направи тоа во 813.000 случаи.

Како што соопштија јужнокорејските производители евентуалните неправилности на електронските системи ги опфатиле моделите на Hyundai Sonatа моделот од 2011-та година, како и моделите „Tucson“ (2007-2009), „Veracruz“ (2008-2009), „Accent“ (2007-2009), „Elantra“ (2007-2010), „Genesis Coupe“ (2010-2011) и „Santa Fe“ (2007-2011).

„Kia“ објави дека за отстравнување на проблемите ќе ги повика сопствениците на  моделите „Rondo“ (2007-2010), „Sedona“ (2007), „Optima“ (2011), „Sorento“ (2007-2011), „Soul“ (2010-2011) и „Sportage“ (2007-2010.).

Корејските производители велат дека тие забележале повремени проблеми во функционирањето на некои системи, како на пример стоп-светлата, копчето за стартување на моторот, темпоматот и неможноста да се извади рачката на автоматскиот менувач од паркинг позиција.

Кога станува збор за моделот „Elantra“ од компанијата соопштија дека при странични удари постојат можности внатрешните облоги на покривот да им наштетат на луѓето при активирање на воздушните перничиња.

„Hyundai“ и „Kia“ ќе ги известат сите сопственици на спорните модели на автомобили во САД  дека дефектните компоненти на возилата ќе им ги заменат бесплатно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП