1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонски ученици ќе учествуваат на дебатата Европска младина во март во Брисел

Македонски ученици ќе учествуваат на дебатата Европска младина во март во Брисел

brisel-briseeee

Членот на Европскиот комитет за економски и социјални прашања, Роман Хакен во петок ќе го посети средното училиште Георги Димитров во Скопје со цел да ја подготви делегацијата на ученици за “Твоја Европа твој збор“, европска дебата за млади која ќе се одржи во Брисел од 17-ти до 19-ти март 2016-та година, со што Македонија за првпат ќе учествува на иницијативата на ЕКЕСП уште од самото нејзино организирање пред седум години.

Хакен ќе работи со тројца ученици и еден професор како подготовка за настанот, кој оваа година ќе се фокусира на миграцијата во Европа. Тој ќе ги претстави активностите на ЕКЕСП и нејзината улога како глас на граѓанското општество во Европа и да им ги пренесе насоките за дебатата. Учениците кои ќе учествуваат ќе имаат задача да претстават конкретни мерки кои треба да ги преземат училиштата, клубовите, итн., за да обезбедат ефикасна интеграција на младите мигранти во европското општество.

Триесет и три училишта се избрани од повеќе од 400 апликации од 28 земји членки на ЕУ и за прв пат од петте земји кандидатки (Албанија, Турција, Црна Гора, Србија како и од Македонија). ЕКЕСП го организира овој настан по седми последователен пат со цел да се обезбеди дека ставовите, искуствата и идеите на младите се земаат предвид во креирањето на политиките во ЕУ.

Хакен е чешки државјанин, член на ЕКЕСП уште од 2006-та година, тој е член на чешкиот владин совет за невладини организации и директор на Центарот за комунално организирање на Централна Моравија, каде тој е одговорен за програми кои промовираат граѓанска вклученоста во развојот на локалните општини. Тој исто така бил член Граѓанската мрежа за Централна и Источна Европа, која се фокусира на граѓанската вклученост во процесот на носење одлуки, уште од 2002-та година како и член на СФтимот за одржлива иднина, кој ја промовира вклученоста на НВО-та во подготовката на програмските документи на ЕУ, уште од 2003-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП