Бројот на невработени во Хрватска во јануари е зголемен за 7.768 лица или за 2,7 проценти во однос на декември 2015 година.
Јануари е петти последователен месец во кој е забележан раст на невработените.
Во Хрватска на крајот на јануари се регистрирани 293.236 невработени лица. Бројот на новопријавени во евиденцијата на невработени во јануари е 28,979, соопштија од Хрватскиот завод за вработување.
Од евиденцијата на невработените се избришани 21,211 лица, што е за еден процент помалку отколку во јануари 2015 година. Од тогаш се вработени 11,992 лица, главно во преработувачката индустрија, трговијата и образованието.
Од вкупниот број на невработени 54,5 проценти се жени, а мажите 45,5 проценти.
Во споредба со јануари 2015 година бројот на невработени е помал за 10,9 проценти или 35,994 лица.