23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно блок трансакции со акцијата на Комерцијална банка

Повторно блок трансакции со акцијата на Комерцијална банка

mk berza

Во две блок трансакции во средата се истргуваа 3000 акции од Комерцијална банка по цена од 2.350 денари, додека во класичното тргување прометот изнесуваше скоро 800 илјади денари (331 акции, просечна цена 2.353,60 денари).

Добитник на денот беше акцијата на Хотели Метропол АД Охрид каде со 60 истргувани акции по цена од 185 денари имаше раст од 6,94%. Алкалоид повторно беше меѓу најтргуваните на Македонската берза. Вкупно 222 акции се истргуваа по цена од 5.318,87 денари.

Зголемен обем на тргување имаше и со обрзницата за денационализација од четиринаесеттата емисија (РМДЕН14) и тоа 23.190 лотови по цена од 95%.

Индексите беа во негатива, при што МБИ10 ја намали својата вредност за 0,48%, додека ОМБ имаше пад од 0,34%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП