2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на Волстрит по пораките од Фед

Пад на Волстрит по пораките од Фед

berza zvonce

Берзанските индекси на Волстрит паднаа во средата четврти ден по ред, откако претседателската на Фед, Џанет Јелен остави отворена можност за зголемување на каматите, но и предупреди на ризиците кои се закана за економијата.

Dow Jones падна 99 поени, или 0,62 отсто, на 15.914 поени, S&P 500 ослабна 0,02 отсто, на 1.851 поен, додека Nasdaq, пак, зајакна за 0,35 отсто, на 4.283 поени.

Во поголем дел од денот индексите минаа во позитивно подрачје бидејќи инвеститорите малку ги охрабри претседателката на американската централна банка Џанет Јелен која во извештајот во конгресот кажа дека нема да ја промени насоката на каматните стапки.

Од тоа инвеститорите заклучија дека централната банка очекува продолжување на растот на американската економија.

Меѓутоа, Јелен предупреди и на ризиците поради влошување на финансиските услови и несигурност во врска со забавување на кинескиот раст, што ги наведе инвеститорите на внимателност.

„Берзите на почетокот беа во плус бидејќи Јелен потврди дека Фед би можел да го забави темпото на зголемување на камати бидејќи економијата покажува знаци на забавување. Но, можеби порачи и тоа дека економијата расте побавно од што многу инвеститорите мислат“, вели Питер Туз, претседател во компанијата Chase Investment Counsel.

Кога прв пат во декември Фед за прв пат од 2006 година ги зголеми каматите, сигнализираше дека во оваа година цента на парите би можела да биде зголемена уште во четири наврати.

Но, поради забавување на растот на американската економија, ниската инфлација и превирањата на финансиските пазари, аналитичарите веруваат дека Фед ќе се откаже од првичните планови.

Најмногу вчера паднаа акциите во рударскиот и енергетскиот сектор, што е последица на пад на цената на нафтата и суровините, кои не успеваат да се стабилизираат поради стравувањата на инвеститорите од забавување на растот од глобалното ниво, а со тоа и на падот на побарувачката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП