2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо средата издадени потврди за влез во земјата на 1.817 мигранти

Во средата издадени потврди за влез во земјата на 1.817 мигранти

migranti-francija

За 24 часа од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 1.817 странски државјани, од кои 670 од машки и 390 од женски пол, како и на 756 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и едно дете кои патувале без родител.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 826 државјани на Сирија, потоа на 641 државјани на Авганистан и на 350 државјани на Ирак.

Од почетокот на годината па до 10-ти февруари, издадени се потврди на вкупно 74.690 странски државјани, од кои 30.148 се од машки пол, 16.177 се од женски и 28.220 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 145 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-36.003, Авганистан-23.565 и Ирак-15.119.

Досега годинава до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 10-ти февруари евидентирани се вкупно 22 баратели на азил од кои 18 мажи, две жени и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП