15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ бара совети како да се заштити од евтиниот кинески увоз

ЕУ бара совети како да се заштити од евтиниот кинески увоз

prer

Европската комисија се обраќа за совет до јавноста по прашањето за идните трговски односи со Пекинг. Ова го соопшти институцијата, цитирана медиумите.

Кина е најголемиот снабдувач на стоки за ЕУ, но блокот тврди дека голем дел од увозот незаконски ги подбива европските цени и затоа морале да воведат антидампинг давачки на производи кои се движат од соларни панели до керамички плочки и даски за пеглање.

Правилата за пресметување на фер кинески цени за извоз беа договорени во 2001-ва година, кога Кина беше примена во Светската трговска организација. Дел од договорените услови истекуваат на крајот на 2016-та година.

Дотогаш ЕУ треба да одлучи како да реагира за да ја заштити сопствената индустрија, без да им наштети на односите со Пекинг.

ЕК им дава на претставниците на различни секторски здруженија, производители и синдикати, 10 недели, за да кажат дали и како ЕУ треба да го промени својот однос кон Кина при идните антидампинг истраги.

Ако ЕУ и даде на Кина т.н. Статус на пазарна економија, што би значело дека локалните цени се фер основа за пресметување на цените на извозните производи, блокот може да изгуби до 211 илјади работни места на долг рок, ако не ги задржи заштитните трговски алатки, забележува комисијата.

Задржувајќи некои антидампинг давачки, негативниот резултат може да биде преполовен, наведува комисијата во првичната анализа.

Јавните консултации ќе влијаат во една подлабока проценка на економските ефекти за 28-те земји членки на ЕУ, а посебно ќе се посвети внимание на загубата на работни места, додаде ЕК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП